Еурофарм Пелистер од Битола на позицијата лев бек, како ново име на оваа позиција го претстави Французинот, Руди Сери. 28 годишниот парижанец официјално беше претставен пред медиумите и ги искажа своите импресии од градот и клубот.
-Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола. За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите, вели Руди Сери, кој за ракометната атмосфера во Битола додаде:-Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил.
Францускиот лев бек веќе гостуваше во Македонија како противник, откако пред три сезони загуби со Бидасоа Ирун во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.