Во Офицерски дом во Битола, беше промовирана книгата “Корени“ на битолчанката м-р Гордана Лазаревска Димитријевиќ. Темата се однесува на старото битолско семејство на бавчанџии Константину кое живеело во близина на Камен мост во Битола и семејството на нивната ќерка Викторија Јоану, подоцна Јованова и кое во 19 и 20 век било познато надалеку по градинарството, а особено по лозарството и производството на вино, исто така во Битола.Еден од членовите бил пратен да го изучува занаетот во Корча, каде останал да живее и основал своја дестилерија и семејство а во чест на родната Битола го зел презимето Манастирли. Така семејството се раселило низ целиот Балкан а во поново време и низ целиот свет.Нивните поколенија исто така имале интересни професии: патувачки фотографи, трговци, уметници, музичари, пилоти и др. а денес тоа се семејствата Манастирли, Лала, Лазаревски, Тадиќ, Јашмакови , Трпковски, Штрала, Попови и други.Во голем дел од книгата се зборува за градот Битола со поширокиот регион и за општествените прилики опфаќајќи го периодот од средината на 19 век па натаму, периодот на Османлиското царство, Првата светска војна, Балканските војни и Втората светска војна ,па токму поради овој факт, веројатно ќе побуди интерес кај консументите и ќе остави белег за историјата на градот и пошироко и животот воопшто во минатото.Тоа е вистинска приказна за претците на авторот која започнува во 1830 година и до денес веќе има потомци од осмо колено. За оваа прилика, во градот на нивните претци допатуваа потомци на семејството од Грција, Албанија, Србија, Канада, Америка, Германија и Франција.Промотор беше исто така познатата битолчанка Марија Герас Дочовска. Книгата е во продажба во книжарница “Квин“ отспротива на Основен суд Битола. Тоа е убаво четиво како се негува хрониката на едно семејство.
Промоција на книгата “Корени“ на Гордана Лазаревска Димитријевиќ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
More from КултураMore posts in Култура »
- Вечерва се одржа хуманитарна вечер со македонски автори во “Book’s House“ во Битола (фотогалерија)
- Наследството на Битола во модерен контекст: ЕТНО 3/4
- “Галеб“ од Чехов, утре, премиерно во Народен театар Битола
- Камерниот оркестар на Битола изведе македонски евергрини во срцето на Виена
- Изложени 800 дела на првото биенале на минијатурни графики и цртежи Битола 2023 во Солун, Грција