Press "Enter" to skip to content

Кафе “Централ“ дел од “Белата ноќ“ со свој простор на плоштадот “Гоце Делчев“, навреме резервирајте

По пауза од две години поради пандемијата 26 и 27 август ќе се одржи 10. јубилејно издание на “Широк Сокак во бело“, а кафе “Централ“ ќе има свој простор за своите гости на плоштадот “Гоце Делчев“ каде ќе биде поставена бината за двата вечери. 

Поради тоа што плоштадот ќе биде претесен за битолчани и гостите од целиот регион, а имаме голем број на наши редовни гости кои се заинтересирани за шанк маси, Ве молиме навремено да ги направите резервациите за двете вечери. 

На првата вечер, петок, на 26 август, ќе настапи Битолскиот камерен оркестар со Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Нико Ѓоергиевски, Ирена Димовска, Виктор Апостоловски, Дј Љубиша и изненадување на вечерта.Втората вечер, сабота, на 27 август,  свој настап ќе има мега популарниот Кирил Џајковски, а пред него Дј Љубиша и Дј Ацика.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »