Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола, го затвори списокот на засилувања и со тоа го комплетира тимот за настапите во Втората македонска фудбалска лига. Последен кој дојде во Битола е Сашо Дуков, напаѓач кој доаѓа од редовите на Силекс, каде како напаѓач постигна 15 погодоци и тој сега е сериозно засилување во нападот.
Во својата кариера 28 годишниот Дуков има играно и за Пелистер во 2013 година, а играл за Силекс, Саса, Росоман, Вардар Неготино, Тиквеш, Напредок, Кожуф Миравци и во ОФК Београд.
Ова лето Пелистер е засилен со Фазлиу, Бакрачески, Наумовски, Петровски, Миленковски, Грозданоски, Бурхан Мустафов и Благоја Љамчевски.