Press "Enter" to skip to content

Музичкото трио “ConTruDJ“ со голема журка ќе прослават 15 години уникатна појава

Оваа 2022 година, е година кога музичкото трио “ConTruDJ“ слави 15 години уникатна појава на музичката сцена. По тој повод, на 15 август, во понеделник во Офицерски дом-плато 2 најавија голема журка.

-Од првиот настап, пред точно 15 години наметнавме неконвенционален стил. Бевме со Вас во најрадосните мигови кога славевте мали и големи победи, животни пресвртници или потсетници дека млади сте само кога ја слушавте нашата музика. Зад нас се илјадници пропатувани километри, уште илјадници часови најведра музика на илјада различни сцени на различни географски локации. Музиката наша, 15 години е чиста среќа…. Зошто? Затоа што Ве имаме сите Вас!, велат членовите на “ConTruDJ“.

15 август-понеделник Офицерски дом-плато 2 Бесплатен голем концерт на ConTruDJ поддржан од Општина Битола во годинешната програма на БИТФЕСТ почеток – 20:30 часот