Синоќа во Битола беше отворен форумот за локални практики во филмската дејност, кој се реализира со поддршка од општина Битола, а во организација на Здружението за поддршка и производство на долгометражни и краткометражни филмови и поддршка на развоjот на филмската деjност “Балкан синема ситис“ Овој форум, претставува можност за воведување на иновативни практики, решенија и идеи, во напредокот на филмската дејност на локално ниво.На отворањето на форумот, свое обраќање имаа претставникот “Балкан синема ситис“ и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
-Кога станува збор за филмот, Битола нуди големи можности за продукција на филмови, поврзани со различни историски периоди, но и со друга тематика, за која е неопходна автентичност на просторот, изразена низ нашите значајни објекти, нивниот ентериер или едноставно живописниот отворен простор, како и бројните улички проткаени со бројни приказни, рече Коњановски.
Покрај автентичноста на Битола, член на мрежата на креативни градови на УНЕСКО, во областа филм, беа спомената и останатите услови кои ги има градот за филмската индустрија, новото кино “Манаки“, кино салата на Центарот за култура, со својата висококвалитетна опрема.
-Кога зборуваме за одржливост во оваа област, мора пред себе да го имаме значењето на филмската индустрија за развојот на туризмот, културната промоција и финансискиот бенефит за речиси сите други сектори кои функционираат во градот. Сепак, во процесот на создавање нови придобивки, не смееме да ја заборавиме грижата за објектите и животната средина, зошто само на тој начин, секогаш ќе бидеме чекор понапред кон подобрувањето на условите за напредок, беше речено на отворањето.
Присутните имаа можност да ја гледаат и проекцијата на филмот „Стела“, кој е првиот македонски игран филм за деца, а воедно и првото еко производство, а Форумот, продолжува денес.

Отворен форумот за локални практики во филмската уметност (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Три златни медали за мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина
- Народен театар Битола започна со подготовки за 5. премиера оваа година, “Едмонд“ во режија на Оливер Мицковски
- ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)- меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)