Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: акциски контроли во угостителски објекти во Битола, малолетник со 1,38 промили алкохол, сообраќајни контроли

Синоќа во 1 часот при вршење на акциска контрола според планот “Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти во Битола се затекнати малолетници, од кои кај еден од нив било утврдено присуство на алкохол од 1,38 промили. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.

За време на акциската контрола на ул. “Крушевска Република“ во Битола биле затекнати и санкционирани 15 непрописно паркирани возила.

Во текот на вчерашниот ден, 12 август, на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 42 возачи. Од нив 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 10 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »