Press "Enter" to skip to content

Вечерва Исмаил Лумановски & Љубојна ft. Панајотис Андреу на втората вечер на EGNATIA ESCAPE FESTIVAL

Втората вечер на EGNATIA ESCAPE FESTIVAL 2022, започнува во 21 часот во училишниот двор „Трифун Пановски“, во село Дихово, каде ќе настапат “Исмаил Лумановски & Љубојна ft. Панајотис Андреу“, кои најавтентично го пренесуваатпулсот на музичкиот бит.

Програмата ќе ја заврши грамофонџијата, Dj, музички продуцент и писател од Битола, кој слави триесетгодишен јубилејB.Boy.

На 14 август (недела), од 12 часот, во етно-објектот „Де Ниро“ во село Цапари ќе се одржи работилница за приготвување и печење леб, додека целосното тридневно “EGNATIA ESCAPE FESTIVAL“ искуство ќе го заокружиме од 20 часот со музиката која ја нуди единствениот “Пијан Славеј“ и ритамот на Bad Juju.