Press "Enter" to skip to content

Музиката раскажуваше приказни на концертот на двете битолчанки Татјана и Билјана (фотогалерија)

Синоча Офицерски дом во Битола како дел од програмата на битолското културно лето, љубителите на класичната музика имаа можност да уживаат во прекрасните звуци на пијаното, во изведба на две врвни пијанистки од Битола, Татјана Божиновска и Билјана Димовска.Концертот беше насловен “Музиката раскажува приказни“, а дуото на пијано Божиновска – Димовска во нивниот избор за овој концерт ставија и изведоа дела од познатите балети на Петар Илич Чајковски, Свита од балетот “Заспаната убавица“ и  “Оревокршачка“.Инаку и двете се вработени во Државното музичко училиште во Битола како професори по пијано. Дуото пијано во состав Татјана Божиновска – Билјана Димовска делува заедно од 2009 год. и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата, а  во 2013 година го снимаат и своето прво CD.Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 год. во Битола. Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: „Денови на македонската музика”, „Скопско лето”, „Битолско културно лето” „Хераклејски вечери“, „Прилепско лето“, „Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник“, “ Златна лира”, „Интерфест“ – Битола. Има настапено како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при Факултет за музичка уметност. Настапува и како камерен музичар, а во 2005 год. заедно со саксафонистот Боби Коминовски имаат снимено CD. Има учествувано на повеќе семинари и мастеркласи кај светски познати пијанисти.Пијанистката Татјана Божиновска е родена 1980 год. во Битола. Во 2002 год. дипломира, а во 2005 год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 год. ги завршува и Докторски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и прoф. д-р Димитрије Бужаровски. Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција…. Настапила како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар. Член е на триото “Интерарт”, со кое активно концертира во земјата и надвор, на Меѓународни фестивали и натпревари, а имаат снимено и три CD-а.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »