Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хронична бубрежна слабост – Х.Б.И.

Со д-р Васил Чипуровски, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за хронична бубрежна слабост -Х.Б.И. за што вели:-Хронична бубрежна слабост  претставува клиничка состојба на трајна загуба на функцијата на бубрезите како последица на прогресивно и иреверзибилно оштетување на бубрежното ткиво од различни болести. Етиолошки најзначајни болести кои доведуваат до трајно оштетување на бубрежното ткиво се хипертензијата, диабетната нефропатија, гломерулонефритиси, системски заболувања (SLE,SS,RA),интерстицијални нефритиси итн.

Почетно се нарушува гломеруларната филтрација со нејзин пад, потоа е засегната тубуларната реабсорпција на различни материи и електролити и нивната екскреција  на крај се нарушува хормонската улога на бубрезите во хемодинамиката, еритропоеза, калциум- фосфатниот  метаболизам итн.Дијагностички најчесто се користи определување на серумска концентрација на креатинин којашто зависи од полот, мускулната маса, внес на храна (месо), уреа, мочна киселина како и одредување на  степенот на редукција на ГФР – гломеруларна филтрациона рата изразена во  ml/min  со помош на неколку формули од кои најприменувана во клиничката  пракса е онаа на Cockrof-Gault за калкулиран клиренс на креатинин  ССсr (140-V)x88.4хТТ/(72xScr). ГФР е нормална од 130 +- 15ml/min  кај маж и 120+-15 кај жена, лесно намалена од 56-100 ml/min, средно од 25 -55ml/min,тешка под 25 ml/min .                                          

Клинички ХБИ се манифестира со гадење, повраќање, уремичен фетор поради појава на амониум во плунката последица на зголемено ниво на уреа, пожолтување на кожата поради трупање на метаболни пигменти и развивање на анемија, уремично иње, пруритус, анемија, уремични крварења најчесто од гастроинтестинален тракт, склоност кон инфекции поради нарушена функција на леукоцитите, невролошки манифестации на инсомнија, нарушена концентрација до конвулзии, сомнолентност и уремична кома, периферна невропатија на екстремитетите, хормоналните промени кај деца се заостанување во раст поради намале ниво на соматистатин, намалени нивиа на естрогени кај жени со дисменореја и аменореја и пад на тестостеронот кај мажи со импотенција, од страна на кардиоваскуларниот систем настанивање на перикардити и хипертензија,како и различни мускулно скелетни абнормалности како последица на нарушен метаболизам на калциум и фосфор.Лекувањето е со третирање конзервативно на состојбата која довела до развивање на ХБИ (контрола на системските заболувања, хипертензијата, диабетесот) и хигиено диетески режим (редукција на сол и протеини во храната) па се до перитонеална и хемодијализа како и бубрежна трансплантација во високоразвиени медицински центри кај пациентите со ESRD кога има пад на ГФР под 8-10ml/min.