Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: мислењето на другите  луѓе – колку ни е важно?

-Зошто се грижиме за тоа што другите мислат за нас, дали имаме повеќе доверба во нивното мислење, одколку во нашето? – Бригам Јонг

Не можеме секогаш да се одбраниме од мислењето на другите.  Мислењето на другите може да ни биде важно и кога свесно не го сакаме тоа, било да е за личниот или за професионалниот живот. За некои личности мислењето на другите  најважно, иако тоа често не се признава, а треба да се призне бидејќи тоа може да  доведува до додатен стрес. Најчесто се јавува во моменти кога се чувствуваме несигурно и го губиме чувството на  внатрешна вредност. Потоа  се трудиме да компензираме со однесување кое вклучува барање на признание од другите. Но желбата да им се допаднеме на другите по секоја цена може да не спречи да го живееме вистинскиот живот по наш автентичен  избор.

Тинејџерски години

На тинејџерите и на адолесцентите им е најмногу важно да бидат прифатени, па затоа ги следат стандардите што им ги наметнува друштвото и лидерите на групите. Подоцна во животот сфаќаме дека имаме слобода на избор на норми по наша мерка. Иако знаеме дека не ни е толку важно туѓото мислење и понатаму ни е тешко да го игнорираме  поривот на тинејџерот во нас.

Причини – vроден порив да припаѓаме кон групата

Ова доаѓа од тоа што низ еволуцијата луѓето развиле вроден порив да припаѓаат кон група, да се спојуваат со другите. Имено во минатото припаѓањето кон групата било клучно за преживување и опстанок. Напади или глад биле закани ако биле препуштени сами на себе вели неуронаучникот и психолог Линда Шо.  Припадноста кон групата со време се претворила во социјална прифатеност, и грижата за мислењето на другите станал императив. Затоа сите тежиме кон спојување, а отфрлувањето предизвикува страв. Признавањето од  другите личности не прави да се чувствуваме добро, а причината  лежи во лачење на хормони како што се ендорфин, допамин и серотонин. Проблемот се јавува во моменти кога тоа не можете да го постигнете  без признавање на другите.

Истражувањата покажале дека одбивањето кај многумина  активира делови на мозокот како што е физичка бол, а тоа објаснува зошто неодобрувањето толку емоционално боли, и зошто болката е толку интензивна.

Социјалните мрежи  дополнителен проблем

Тие се место каде се храни нашата самодоверба, со тоа и место на несигурност. Тука сме под проценката на другите, а се мери  во добивање позитивни реакции – лајкови и коментари. Постојано скроламе во потрага по краткотрајни задовослтва, било тоа да се комплименти или нешто што ќе не разлути.  Зависноста од бројот на лајкови не тера да ја мериме нашата вредност преку нив. Да се преиспитуваме: нашите одлуки, својот изглед, па дури и живот. Користењето на ФБ, Инстаграм и Твитер е нешто како игри на среќа во кои ви давват до знаење дали луѓето ве сакаат или НЕ. Бројот на лајкови се доживува како награда. За почеток може да го ограничите времети кое го поминувате на социјалните мрежи.

Премногу се грижиме за тоа што другите мислат за нас

Тоа е посебно видливо во мигови кога патиме од недостаок на самодоверба или бараме стабилност во животот. Нашата  самодоверба станува премногу поврзана со она што другите мислат за нас. Причините можат да лежат во детството. Можеби премногу не осудувале кога сме биле деца, ни зборувале дека не сме доволно добри или не злоставувале. Тешко сме наоѓале пријатели, или не отфрлувале. Тоа  подоцна доведува до недостаток на самодоверба и потреба за валидација од другите.

Како ова да го промениме?

Одговорот не е едноставен. Тоа е еден долг и тежок процес за кој не постојат едноставни решенија.

Анализирајте го своето однесување преку водење на дневник.

Со тоа ќе имате време и простор за своите постапки, бидејќи тоа е нешто за што доволно не размислуваме. Во исто време се соочуваме со своите емоции и тоа како последица може да има зголемување на свест за она што правиме.

Луѓето често претерано се грижат за тоа да сите околу себе ги задоволат. Најчесто не знаат да постават граници.

Кога не знаеме да кажеме НЕ заради желбата на сите да им угодиме. Добро е да се вежба како ќе му објасните на некој зошто морате да го одбиете.

Бидете искрени спрема себеси и запрашајте се дали тоа го правите затоа што е добро за вас или затоа што барате туѓо признавање или заради тоа што избегнувате неодоразбирање.

Направете листа од она што го правите и колку од тоа го правите за себе.

Ако припаѓате на личности  кои не знаат да постават јасни граници

Треба да се соочите  со сите кои ви се  се обраќаат на начин кои го сметате за неприфатлив. Не е едноставно, но ако имате доволно храброст, може да ги опомените така да  никогаш повеќе не разговараат со вас така. Потоа  прашајте ги зошти ви се обраќаат на таков начин и зошто го кажале тоа што го кажале.

За да се заштитиме

Добро е ситуациите во кои мислењето на другите ни прави да се чувствуваме непријатно,  да се согледаат преку мислата дека сликата на другата личност за нас не го менува фактот каква личност сме навистина. Така моќта на нивното мислење ослабува и нема да не оптоварува.

Она што е најважно е да почнете да го вежбате својот став спрема реакциите на другите.

Ако не добивате признание, тоа не го сфаќајте како  отфрлање и неодобрување. Кога нешто ќе направите  проверете дали чувствувате колку  е исправно и потсетете се дека тоа е ваш избор.

ПОФАЛЕТЕ СЕ самите себе – затоа што сте „тоа што сте“ .

Во коментарите кои ги добиваме секако треба да се земе во обзир личноста која го дава. Туѓиот коментар, особено ако е негативен повеќе зборува за оној кој го дава, од оној кој го прима. Затоа направете филтер за мислењата  на другите.

Добро е да се советуваме со луѓе кои ги цениме, почитуваме, или им се восхитуваме, затоа што нивното мислење ни дава поголем поттик да се приближиме до личности какви што би сакале и ние да бидеме.  

Окружете се и дружете се со добронамерни, позитивни личности.

Луѓето сакаат мотивирачки и ведри личности кои покажуваат позитивни ставови, а не оние кои постојано приговараат, кукаат, критикуваат.

Што повеќе комплименти даваме, повеќе ќе ги примаме.

Пожелно е да се променат нашите тврдокорни уверувања за важноста на мислењето на другите. Така постепено ќе престане да ни значи.

Се разбира да се промени начинот на размислување никогаш не е едноставно. Но да се биде човек значи да се грижиш што другите мислат за вас. Само не заборавајте дека не сте единствени.