Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022), направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19, Битола се 75.
Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од Битола се 98.
До сега во Битола има 17.386 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 251 случаи.
Во текот на изминатите 3 дена пријавени се 7 починати лица, нема од Битола.
Направени се во Битола 111 тестови преку ЦЈЗ Битола 94 и “Плодност“ 17.
Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559