Press "Enter" to skip to content

Во Битола 36 нови позитивни на ковид-19, оздравени 35, активни 245 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19, од Битола се 36.

Регистрирани сe 485 оздравени пациенти од  Битола се 35.

До сега во Битола има 17.459 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 245 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, нема од Битол.

Направени се во Битола 65 ковид тестови теста преку ЦЈЗ Битола 62 и преку “Плодност“ 3.

Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.