Press "Enter" to skip to content

Денис Васиљев: агентот ми предложи, а мене ми се допадна идејата да дојдам во Битола

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола продолжи со официјални претставувања на новите засилувања за оваа сезона, а на позиција кружен напаѓач, по Жарко Пешевски, го претстави и Денис Васиљев, 29 годишниот руски репрезентативец.

Васиљев за Еурофарм Пелистер потпиша договор на две години, откако го одработи договорот со Мотор Запорожје.Васиљев на официјалното престстваување рече:

-Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола. Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација.

Инаку, во “си-вито“ на Васиљев стои дека е роден во 1993 година во Астрахан, а настапувал за Динамо Астрахан, Чеховски Медведи, Шартр и Мотор Запорожје. Васиљев е  стандарден репрезентативец на Русија освојувач на три руски првенства и три национални Купа со Чеховски медведи, како и освојувач на шампионатот на Украина со Мотор.

More from ВестиMore posts in Вести »