Press "Enter" to skip to content

Јадранка Павловска новата претседателка на Форумот на жени на СДСМ Битола

Јадранка Павловска од вчера е новата претседателка на Форумот на жени на СДСМ Битола.

Јадранка Павловска e родена 1978 година. Дипломиран менаџер по биотехника. Вработена во ЈП “Стрежево“, каде ги извршува своите професионални обврски како раководител на секторот за експлоатација на системот.

Павловска е член на СДСМ Битола скоро 20 години. Таа е посветен партиски функционер и извршувала голем број функции.

Во моментов е и советник во Советот на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »