-Виктор Димовски, Јован Кузмановски, Божидар Танчевски и Виктор Литовски од “3х3 од Битола“ се победници на турнирот во Кожани, Грција и се пласираа на главниот турнир во Атина.Четворицата битолчани членови на баскет клубот “3х3 Битола“ настапија на реномираниот турнир во Грција, во градот Кожани, Сервија, во организизација на Кошарската федерација на Грција и со тоа ја остварија нивната главна цел, да победат и да продолжат со натпреварувањата. Тие со оваа значајна победа се учесници на големиот турнир во Атина, на кој ќе играат пет натпревари во сепрември.
-Со учеството на овој турнир, на кој настапивме со многу знаење, адреналин, емоции, акумулирано искуство, мотивација и на крај завршивме со победа, ја продолживме активно серијата настапи на турнири, како и на меѓународен сателит и челинџер. Годинава настапивме на сите турнири кои ги организира Кошаркарската федерација на Македонија и продолживме кон целта да биделе во топ 3 екипи во Македонија, вели тимот “3х3 Битола“.
-Капитен и основач на екипата ‘’Macedonian Lynxes” е Виктор Димовски. Потоа во тимот се приклучи Јован Кузмановски, Божидар Танчевски и Виктор Литовски, зборуваат баскетџиите за почетоците на овој клуб од Битола.
-“3х3 Битола“ во 2016 година се појавија во Скопје како “The Dream Team“ завршувајки како 5. Во календарската 2017 настапивме како “Macedonian Lynxes“ на два турнири во Обреновац, турнир во Српската лига и турнир во Македонија Скопје2к17. Тимот во Обреновац ја виде сликата на реалниот, можеби и врвот на 3×3 баскетот, добивме големо искуство, поуки и насоки како да продолжиме во иднина, истакнуваат членовите.
Продолжија во “Скопје2к17“, учествуваа на три шампиони од земјите во регионот, со една цел да ја проверат и физичката и тактичката подготвеност, и со една цел, да пробаат да се натпреваруваат со нив, но и дапобедат една од нив.
Како “3X3 Битола“ активно продолжуваат и во 2021 и настапија на четирите последователни турнири во скопската сала “Кале“ во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, каде на еден од турнирите беа победници со што покажаа и докажаа дека и физички и тактички можат да ја победат секоја екипа од Македонија.
Овие баскетџии се исто така се многу успешни и надвор од теренот. Капитенот Виктор Димовски работи како менаџер во една од најуспешните американски компании во Битола. Јован Кузмановски е исто така дипломиран комјутерски инжинер кој веќе десет години работи во ЈКП “Водовод“ Битола – магистер по менаџмент на информациски системи. Божидар Танчевски е дипломиран правник, кој неодамна работи како правник но во исто време е и во завршна фаза да биди магистер. Виктор Литовски исто така е академски граѓанин кој работи во делот на IT за светски успешна компанија.
Четворицата едвај ја очекуваат промоцијата во Битола, пред своите битолчани, на турнир во организација на Кошаркарската федерација на Македонија.