Јадранка Павловска од вчера е новата претседателка на Форумот на жени на СДСМ Битола.
Јадранка Павловска e родена 1978 година. Дипломиран менаџер по биотехника. Вработена во ЈП “Стрежево“, каде ги извршува своите професионални обврски како раководител на секторот за експлоатација на системот.
Павловска е член на СДСМ Битола скоро 20 години. Таа е посветен партиски функционер и извршувала голем број функции.
Во моментов е и советник во Советот на Општина Битола.