Press "Enter" to skip to content

Концерт на “E- motion Bend“ на платото пред Офицерски во Битола (фотогалерија)

Синоча на платото пред Офицерски дом во Битола, пред битолската публика се одржа концерт на групата “E- motion Bend“.“E- motion Bend“ е составена од пет членови Симеон – вокал, Антонио – гитара, Деан Блажичо – гитара, Пеце – тапани и Игор бас – гитара.За нив музиката е дел од нивното секојдневие. Во изминатиот период имаат доста настапи во Битола и низ цела Македонија.Симеон Тасев, вокал на групата пред вчерашниот концерт ни рече:-Ќе има музика за сечии вкус, на почетокот нашите посетители ќе имаат можност да слушаат странска рок музика потоа Екс Ју музика и задолжително на програмата ја имаме македонската музика. Ќе отсвириме забавна македонска музика, ќе пееме заедно со публиката македонски евергрини како и песни од поново време.А, публиката која беше вчера на нивниот концерт се увери во тоа, заедно пееја и се забавуваа.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »