На Олимпискиот базен во Битола се одржа државното првенство во пливање “Император куп“ во организација на пливачкиот клуб Олимпик од Битола. На ова државно првенство учествуваа 8 клубови од Македонија, кои во Битола пристигнаа со 150 пливачи во сите категории.
Пливачкиот клуб Југ се натпреваруваше со 25 пливачи во сите категории, а според тренерот Михајло Трампевски, младите битолски пливачи се претставиле одлично.
Михаил Петковски освои прво место генерација 2004/5 година, а првопласирана е и Бјанка Михајловска генерација 2013/14 година.
Пливачите на Југ освоија и три втори места, Максимилијан Лазевски генерација 2008/09, Андреј Китевски генерација 2010 и Андреј Манцов генерација 2011/12 година.
Јана Поповска генерација 2008/09 година го освои третото место.

Пливачите на Југ со шест медали на “Император куп“ – државно првенство (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Ќе биде дерби во Битола – влезниците распродадени за неколку минути, прва битка за титула
- Еурофарм Пелистер утре во 13,30 часот ги пушта во продажба билетите за дербито со Вардар






