Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен крадец од Битола, украденото вратено на сопственикот

На 17.08.2022 година во 17:50 час од страна на полициски службеници од Полициското одделение Новаци лишен е од слобода 33 годишник од Битола, поради извршено кривично дело кражба, пријавено непосредно пред тоа од страна на вработен како обезбедување во РЕК Битола.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а украдените предмети се вратени на пријавителот. 

More from ВестиMore posts in Вести »