Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победата над Татран на чекор кон финалето во Струга (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Татран Прешон 25:24 (11:10)

Вчеравечер во Струга на 50. јубилеен ракометен турнир ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола ја победија екипата на Татран Прешов, во рамките на 2. коло од “А“ хрупата со резултат 25:24, полувреме 11:10.  Со оваа втора победа по ред “пелистерци“ се на чекор до финалето, пехарот да го донесат во Битола, но им треба и победа денес против грчки АЕК Атина.На отворањето ракометарите на Еурофарм Пелистер се играше гол за гол, а за прв пат поведоа со 7:6, а потоа беше и 8:6. Највисоката предност “пелистерци“ ја имаа 10:7, а на одмор се отиде со 11:10.И второто полуврме се играше на стартот рамноправно, а по десет минути беше 16:16. Татран поведе со 19:20 кон средината на второто полувреме. Со серија од 3:0 за момците на Ларс Валтер со која дојдоа пак на +2. Во последните пет минути се влезе со нерешени 23:23. Словаците поведоа, а следуваа и две одбрани на Кизиќ, едната во последната минута за победа на Еурофарм Пелистер од 25:24.Со 5 погодоци најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Руди Сери, следува со 4 гола Пешевски, а по 3 Хосни и Радовиќ.Денес се игра последното коло, во кое Еурофарм Пелистер игра против АЕК Атина.