Press "Enter" to skip to content

Општина Битола на врвот на ранг листата од општините според активна транспарентност

Центарот за граѓански комуникации го објави редовниот годишен извештај за рангирањето на 98 институции во државата, според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување на информации од јавен карактер. Првите две места, со максимални 100% се на Министерството за одбрана и Владата. Општина Битола е прва од општините, на високото трето место,  со 97,1% во однос на активната транспарентност. Во однос на активната транспарентност, со 73%, за разлика до минатата со 66% и со подобрување од 7 процентни поени, Пелагонискиот регион е на трета позиција.

Некогашниот лидер во регионот, Битола, повторно ја поврати својата прва позиција, а Битола годинава е прва и со високи 97,1 % е меѓу трите општини со највисока активна транспарентност во земјава. Општина Битола континуирано работи на подобрување на пристапот до информациите за своите жители, преку објавувања на информациите на својата веб страница. Тука можат да се најдат сите потребни информации и документи. Во постапка е дигитализирање на услугите кои што ги дава локалната самоуправа, со цел поедноставување на постапките и постојана достапост за граѓаните.