Press "Enter" to skip to content

Утре во Битола ќе се одржи меѓународен семинар за реално аикидо “Пелистер 2022“

Утре во Битола ќе се одржи традиционалниот меѓународен семинар за реално аикидо “Пелистер 2022“, кој иако беше закажан на отворено, поради прогнозите дека можно е невреме на Пелистер ќе се одржи во Будо центарот.

На семинарот ќе има учесници од Србија, Грција и Македонија, а дел од нив се редовни гости, а ќе има и нови учесници.

-И годинава поради се уште актуелниот ковид-19 ќе биде еднодневен семинар. Се беше подготвени да се одржи како и лани на отворено, во дворот на инфо центарот на Националниот парк “Пелистер“ или како ние ви Битола го викаме на “Лазо Вилата“, но поради лошите временски прогнози за утре на Пелистер се враќаме во Будо центаро. Се надеваме дека од идната година ќе се вратиме на повеќеденевните семинари како порано. Очекувам успешен семинар, а според програмата која е прифатена ќе биде и плоден, вели претседателот на Федерацијата за реално аикидо  и главен протагонист на семинарот Ѓуро Илиќ.

 

More from ВестиMore posts in Вести »