Press "Enter" to skip to content

Превентивна активност на СВР Битола и РСБСП на граничен премин Меџитлија

Денеска 19.08.2022  на  граничниот премин Меџитлија, полициски службеници од СВР Битола, Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола и полициски службеници од гранична полиција заедно со РСБСП , реализираа превентивна  активност во рамките на оперативниот план на МВР „Безбедно лето 2022“ и кампањата на РСБСП под мотото „Вози одморен“.

Активноста беше медиумски  реализирана од Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова и Претседателката на РСБСП, м-р Гордана Кожуватовска која истакна дека целта на кампањата е да се подигне свеста на возачите за почитување на сообраќајните правила и прописи и безбедно учество во сообраќајот со зголемена внимателност во летниот период поради повисоките температури и зачестените патувања.

-Затоа упатуваме препорака за оние кои патуваат на подолги релации да запираат барем на секои 2 часа за да направат пауза од 15 минути, да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, да избегнуваат патување ноќе кога е намалена видливоста, да возат одморени и наспани, затоа што безбедноста на сите учесници во сообраќајот секогаш треба да биде на прво место, истакна Кожуваровска.

More from ВестиMore posts in Вести »