Александар Саша Трајковски е роден во Битола, нашиот современ македонски поет, преведувач и толкувач, редовен член и дел од Македонското научно друштво – Битола, здружението на поети и писатели ,,Поетска Харфа” од Скопје и клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин” од Велес. Се раѓа во Битола и завршил основно училиште во ОУ „Гоце Делчев, а средно училиште во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Студиите по медицина ги завршил на Универзитетот по медицина и фармација „Карол Давила” во Букурешт, Романија.
Учествувал на бројни поетски читања низ Македонија и Европа: Струшки вечери на поезијата, „Песнило“ – Младински културен центар, Бела ноќ – Скопје, на денови на младата македонска проза – Софија, учествува на Меѓународен македонски фестивал за поезија и литература “Струшките Книжевни Средби” 2022 година, на Меѓународен романски фестивал за поезија и литература 2021 г., на самостојна книжевна вечер во Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, 2016 година, Астални проекции – Менада, 2014 г. и 2016 година, Денови на младата македонска проза – Софија, 2015 година, учествува на Барски летопис, самостојна книжевна вечер, Бар, 2015 година, СУР – Стих у регији, Загреб, 2015 година, Меѓународен поетски фестивал – Европски Книжевни ”Раскуси”, (Пресеци) 2023 година, Maјските Поетски Вечери – Прилеп, Македонија, 2023 година, Меѓународна поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” – 2023 година и други …
Како факел поетот со себе ја понесол силата на љубовта и ја заѕидал во секоја своја песна, само така се осветлуваат врвиците на животот.
Просторот и времето поетот Александар С. Трајковски ги мери со близината на луѓето кои живеат со радоста и тагата наша. така тие стануваат дел од еден идентитет преку кој се дофаќа светлината на животот. Поетот е потегнат да твори, да биде постојано ангажиран, за да има полесен пристап до почвата за производство. Поетот не чека туку копнежите со сета своја големина ги упатува до комплексното видување. Така тие необично ситни побуди стануваат големи во смислата на живеењето – ќе заклучи поетесата и писателка Сеида Беганович.
Поетот Александар С. Трајковски ја негува и посакува улогата на љубовта да се најде во секој сегмент од животот. Својата поезијата Александар С. Трајковски ја распостила низ врските кои ги спојуваат исказите преку извонредни персонификации и метафори. Сега треба да се будиме често со создадениот свет на поетот Александар С. Трајковски зашто тој го дефинира и разгорува, преку ракурсот на широкиот израз, таинствениот приод во толкувањето на љубовта и животот на човекот – ке напомене српско-германската професорка и поетеса Драгица Шредер. Поетесата па Драгана Младенов ќе каже дека во поезијата на Трајковски произлегува од состојбата кога сме на работ, кога сме некаде помеѓу реалноста и фикцијата или имагинацијата. На работ меѓу реалноста, која ни допушта да останеме на тлото, да останеме живи и таму каде што сме, и (од друга страна) амбисот или другиот / отаде свет. Тие гранични состојби, гранични идентитети, отсекогаш ме интересирале, во секоја смисла: јазични, стилски, природни, физички…
Живееме во свет што го упростуваме со нашата визија дека светот е она што го гледаме овде и тоа што се случува во овој простор. Но, всушност, нашиот свет е една мала рефлексија на вселената, на универзумот, на нешто многу побесконечно отколку што човековиот разум може да го сфати сега. Она што се обидува во својата поезија генерално да го напише Александар е радикална катарза поетска и затоа го сметам за едно ризично движење во неговата поетика, воопшто не ја избегнува нашата стварност – лична, општествена или историска, без влакна на јазикот и тогаш кога се потребни – ќе ни’ ремизира Младенов.