Викендив во Битола се одржа традиционалниот меѓународен семинар за реално аикидо “Пелистер 2022“, кој иако беше закажан на отворено, поради прогнозите дека можно е невреме на Пелистер ќе се одржи во Будо центарот.На семинарот има учесници од Србија, Грција и Македонија, а дел од нив се редовни гости, а ќе има и нови учесници.
-После пандемијата ова е втор семинар, за жал еднодневен, поради новите бројки на ковид-19, а се надеам дека од година ќе се вратиме на старите навики, семинарите да бидат седумдневни или десет дена. За денес хендикеп е бидејќи временските прилики не се добро и наместо на Пелистер сме тука во салата на будо центарот во Битола. Ништо нема да пречи, а ќе имаме околу 100 посетители, колку и очекувавме. Се работи базична техника бидејќи имаме млада популација и се разбира ќе се работи и напредна техника за високите појаси, ни рече Ѓуро Илиќ, организатор на семинарот, кој нагласи дека има сериозни предавачи со големо познавање.
Ана Врачаревиќ е дел семинарот, а заедно со нејзини колеги од Србија одржа квалитетни предавања за сите возрасти, за семинарот и посетатата на Битола рече:
-Повод за посетата во Битола е едно собирање на вљубеници од овој спорт, дружење и работа, пред стартот на сезоната која сите не очекува, да тргнеме во нови победи и после оваа пандемија сега да се собериме во поголем број и конечно да работиме. Со тоа што денес има и деца и возрасни ќе ги прилагодиме техниките за сите категории и ќе биде интересни како и секој пат кога има вакво друштво. Ќе има мајстори кои ќе го пренесат своето знаење, а тука е Зоран Стојановиќ од Лесковац како поддршка, но и други квалитетни мајстори од Македонија. Секој ќе има простор да го покажи своето знаење.
Врачаревиќ која во Битола за прв пат ги донесе и своите ќерки, на Илиќ поради новите титули во овој спорт му подари брендиран црн појас со неговито име и презиме што е уште едно големо признание за битолскиот мајстор.
А организаторот на сите предавачи, во знак на сеќавање на овој турнир му подари благодарница и новата значка на Аикидо федерацијата.

Во будо центарот во Битола се одржа меѓународен семинар за реално аикидо “Пелистер 2022“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски
- Пораз на Еурофарм Пелистер, Алкалоид со прва победа во Битола (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- Пораз на Еурофарм Пелистер, Алкалоид со прва победа во Битола (фотогалерија)
- По клубот и “Чкембарите“ со соопштение: оваа сезона за “Чкембари“ е завршена
- РК Еурофарм Пелистер од Битола со реакција по немилите сцени во салата “Јане Сандански“ во Скопје
- Александар Јовиќ, тренер на Еурофарм Пелистер: по прекинот бевме друг тим