Една од заложбите на локалната самоуправа во Битола е да обезбеди што поголем број на зазеленети површини, оплеменети со дополнителни содржини за секоја возраст, на различни локации во градот. Дел од нив се реализираат со општински средства, а дел со средства од општествено одговорни компании, како континуитет на постојана заедничка соработка на општина Битола и бизнис заедницата.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски денес изврши увид во теренските активности за изведба на ново детско рекреативно катче, лоцирано наспроти стадионот во Градскиот парк, кое е донација од компанијата Бимилк, по повод 70 години од постоењето на овој битолски бренд.
Претставниците на компанијата го запознаа градоначалникот со динамиката на изведба и реквизитите кои што ќе бидат поставени во ова катче, наменето за најмладите.
Градоначалникот Коњановски ја потврди одличната соработка со компанијата Бимилк и истакна дека сѐ повеќе е изразена потребата од нови катчиња за рекреација и обезбедување што почист воздух за населението.

Донација од “Бимилк“ по повод 70 години од постоењето, детско рекреативно катче во Градскиот парк
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Библиотеката подготвува нов зборник “Тајните од битолските сокаци “
- СВР Битола: приведени двајца “комити“, едниот за марихуана, другиот за агресивно однесување





