Кожув – Пелистер 2:4
Екипата на Пелистер од Битола, по одложувањето на првото коло од Втората фудбалска лига на Македонија, овој викенд го одиграа првиот натпревари како второлигаш, и ја започна оваа сезона.
Екипата од Битола во првото коло гостуваше во Гевгелија, каде домаќин му беше екипата на Кожув и сезоната ја започна со победа и постигнати четири гола, а средбата заврши со резултат 2:4.
Пелистер тргна ефикасно на овој натпревар поведе со 0:3, потоа домаќините намалија на 2:3, а “пелистерци“ со уште еден гол ја потврдија победата.
Фоловите за Пелистер ги постигнаа Мустафов, Трајковски, Фазлиу и Наумоски, додека за домаќинот погодија Кудијан и Бејков.
Следното коло за противник екипата на Пелистер ќе ја има екипата на Беса.