Една од заложбите на локалната самоуправа во Битола е да обезбеди што поголем број на зазеленети површини, оплеменети со дополнителни содржини за секоја возраст, на различни локации во градот. Дел од нив се реализираат со општински средства, а дел со средства од општествено одговорни компании, како континуитет на постојана заедничка соработка на општина Битола и бизнис заедницата.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски денес изврши увид во теренските активности за изведба на ново детско рекреативно катче, лоцирано наспроти стадионот во Градскиот парк, кое е донација од компанијата Бимилк, по повод 70 години од постоењето на овој битолски бренд.Претставниците на компанијата го запознаа градоначалникот со динамиката на изведба и реквизитите кои што ќе бидат поставени во ова катче, наменето за најмладите.Градоначалникот Коњановски ја потврди одличната соработка со компанијата Бимилк и истакна дека сѐ повеќе е изразена потребата од нови катчиња за рекреација и обезбедување што почист воздух за населението.
Донација од “Бимилк“ по повод 70 години од постоењето, детско рекреативно катче во Градскиот парк
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)