Во попладневните часови, заврши акцијата за остранување на диво поставените гаражи и објекти во просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ, во центарот на Битола. Битолските јавни претпријатија на терен деновиве ги отстрануваа објектите и го расчистуваа теренот, подготвувајќи го за натамошно урбано уредување на просторот.
Акцијата за отстранување на диво изградените гаражи и објекти во градот и натаму ќе се спроведува од страна на општина Битола. Бидејќи станува збор за многу локации и многу барања од страна на жителите на поголеми населби во градот, да се стави конечно ред со диво изградените гаражи и објекти, се утврдува редоследот на постапување.
Исто како и кај гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ, така и за следната интервенција, јавноста ќе биде известена, а претходно и сопствениците на диво изградените гаражи, со цел да ги отстранат предметите кои што ги чуваат во нив.

Заврши отстранувањето на дивите гаражи зад зградата на ЈАТ, Општина Битола продолжува на други локации
More from ВестиMore posts in Вести »
- Коњановски во посета на ЈП “Паркинзи“ и КЈП “Нискоградба“
- Компаниите од КС Групација со подароци за среќните пронаоѓачи на светиот крст во Битола
- Икона од Св. Нектариј Битолски и 20.000 денари награда за Христијан Бошевски
- Алушовски го одработи првиот тренинг со тимот на Еурофарм Пелистер
- Во Битола сончево со мала облачност, утре снег, температурата до 3 степени





