Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: дилери фатени на дело при купопродажба, физички напад врз сопруга, контроли на моторциклисти и возачи

На 24.08.2022 ул. „Климент Охридски“ во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола и полициски службеници од Полициската станица Битола лишиле од слобода две лица од Битола на возраст од 33 и 41 гидина. Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога и кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја и пари   во различни апоени. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 23.08.2022 во СВР Битола, 33-годишна жена од Битола пријавила дека била физички нападната од нејзинит сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 23.08.2022 во периодот од 18.00 до 24.00 часот СВР Битола спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 8 возачи. Од нив, 5 возачи не користеле заштитна кацига, а 3 возачи возеле без возачка дозвола.

На 23.08.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 32 возачи, од кои  20 санкции се изречени за пречекорување на брзината во населено место и 12 надвор од населено место.

More from ВестиMore posts in Вести »