Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 972 тестови, а регистриран е 313 нов случај на КОВИД-19 од Битола се 35.
Регистрирани сe 364 оздравени пациенти од Битола се 25.
До сега во Битола има 17. 682 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 201 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица нема од Битола. Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 5 починати лица, едно од Битола на возраст од 84 години.
Направени се во Битола 46 ковид тестови ЦЈЗ Битола 45 и преку “Плодност“ 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.146.647 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.240, бројот на оздравени пациенти е 327.354, на починати е 9.468, а бројот на активни случаи изнесува 2.418.