Press "Enter" to skip to content

Цветан Кузманоски денес дебитира и верува во пласман на “Ф4“ на СЕХА во Задар

Цветан Кузмановски од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер од Битола, а доаѓа од “двојката“ на ракометното семејство. Кузмановски е репрезентативното крило, е вечерва ќе дебитира во официјален натпревар против Мешков Брест во СЕХА лигата. 

Пред СЕХА четвртфиналето, кое вечерва ќе се игра во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“  Кузмановски зборуваше со новинарите и за престојниот натпревар рече:

-Минавме тешки припреми во Маврово. Таму бевме една недела и напорно трениравме. Следеше турнирот во Струга, каде игравме добри натпревари со квалитетни екипи. Тие натпреварите ни послужија за воигрување на екипата и подготвени го чекаме утрешниот натпревар. Исто така нестрпливи се и нашите навивачи и битолската јавност. Се надевам дека салата ќе биде исполнета и верувам во победа, смета десното крило на пелистерци.

Најголем дел од билетите се распродадени, па се очекува полна сала и обид Еурофарм Пелистер првпат да се избори за завршен турнир на СЕХА лигата во Задар во Хрватска.

More from ВестиMore posts in Вести »