Press "Enter" to skip to content

Валтер и Танковски: игравме одлична одбрана, ги израдувавме навивачите

На официјалната прес конференција по завршувањето на натпреварот во Битола, зборуваат тренерот Ларс Валтер и Марио Танковски, кои ги изнесе своите ставови за тоа како го видоа од нивни агол четврт финалето.

Тренерот Валтер рече:

-Сакам да им честитам на моите момци за победата. Бевме одлични во одбраната, одигравме многу лошо во напад, но на крај постигнавме еден гол повеќе од противникот и заслуживме да победиме. Ние сме слична екипа како и Мешков Брест, тим во конструкција и не може да биде идеално на почеток на сезона. Сепак, покажавме карактер и ги израдувавме нашите навивачи.

Средниот бек Марио Танковски  го постигна и последниот гол, на само неколку секунди пред крајот, а по средбата, тој го изнесе своето мислење:

-Беше прекрасно да се игра во ваква атмосфера и пред овие навивачи. Водевме во текот на сите шеесет минути и ќе беше штета да не победевме. Седмерците се лотарија, но покажавме карактер, верба и мислам дека заслужено победивме.  Не треба да трошиме зборови за Веспрем и дуелот во полуфиналето. Ќе одиме во Задар да уживаме.

More from ВестиMore posts in Вести »