Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Подобрување на системот за заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги и заштита и безбедност на граѓаните, нивните материјални добра и природното и културно богатство” финансиски поддражан од министерството за локална самоуправа, набави современо противпожарно возило.Возилото е наменето за потребите на Општина Демир Хисар и со него ќе се зајакнат капацитетите на ТППЕ Демир Хисар за справување со пожари и обезбедување на брзи и квалитетни интервенции. Со набавката на противпожарното возило кое ги исполнува современите стандарди и потреби се придонесува кон решавање на долгогодишниот проблем на ТППЕ Демир Хисар а тоа е недостиг од современа функционална противпожарна опрема.
Со зајакнувањето на капацитетите ќе се зголеми безбедноста на граѓаните од овој дел од регионот како и ефикасноста и брзината на интервенциите кои оваа територијална противпожарна единица ги врши не само на територијата на Демир Хисар туку по потреба и во соседните општини Битола и Крушево. Вкупната вредност на проектот изнесува 7.999.220 мкд од кои 2.000.000 мкд се кофинансирање од општина Демир Хисар а останатите средства се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година на Министерството за локална самоуправа.

Нови активности за зајакнување на капацитетите за противпожарна заштита на Пелагонискиот регион (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Пелистерци“ и Битола и по 20 години без трофеј, Вардар победник во Купот (фотогалерија)
- 7. Интернационален пијано натпревар “Piano fest 2025“ во Битола, 110 млади музичари од 10 земји
- Еурофарм Пелистер по Куп титула, битолска инвазија на Охрид, судии битолчани
- СВР Битола: битолчанец се заканувал на полицајци, го привеле
- Во Битола сончево и топло