Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамките на проектот “Подобрување на системот за заштита на животната средина во Пелагонискиот регион преку јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги и заштита и безбедност на граѓаните, нивните материјални добра и природното и културно богатство” финансиски поддражан од министерството за локална самоуправа, набави современо противпожарно возило.
Возилото е наменето за потребите на Општина Демир Хисар и со него ќе се зајакнат капацитетите на ТППЕ Демир Хисар за справување со пожари и обезбедување на брзи и квалитетни интервенции. Со набавката на противпожарното возило кое ги исполнува современите стандарди и потреби се придонесува кон решавање на долгогодишниот проблем на ТППЕ Демир Хисар а тоа е недостиг од современа функционална противпожарна опрема.
Со зајакнувањето на капацитетите ќе се зголеми безбедноста на граѓаните од овој дел од регионот како и ефикасноста и брзината на интервенциите кои оваа територијална противпожарна единица ги врши не само на територијата на Демир Хисар туку по потреба и во соседните општини Битола и Крушево. Вкупната вредност на проектот изнесува 7.999.220 мкд од кои 2.000.000 мкд се кофинансирање од општина Демир Хисар а останатите средства се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година на Министерството за локална самоуправа.

Нови активности за зајакнување на капацитетите за противпожарна заштита на Пелагонискиот регион (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер ги започна подготовките во Битола, без репрезентативците и новиот тренер (фотогалерија)
- Билтен на МВР: физички напад врз полицајци, тешко повреден пешак, сообраќајка – едниот возач со 1,81 промили алкохол во крвта, малолетничко насилство, апсење за дрога…
- Битолчанец со “киа“ возел со 1,92 промили алкохол во крвта, веднаш бил приведен
- Бабарите во некрстените денови во Битола ги бркаат ѓаолите, вештерките и караконџолите (фото)
- Велчо Петровски – Папал: по 50 години заедно “вртење“ на парето, Василица без мазник е само датум, Василица без друштво е пораз





