Press "Enter" to skip to content

3.500 битолчани сведоци на испишувањето на СЕХА историјата во Битола (фотогалерија)

Како и се очекуваше битолчани ја исполнија спортката сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а битолскиот ракометен вулкан кој беше мирен летово, експлодира со првите тонови на новата навивачка химна “Ако одам во Битола“ која во еден глас ја испеаја 3.500 навивачи, предводени од Димитар Андоновски.Тоа беше мотив плус, поттик, поддршка, верба, хемија, заедништво на навивачите со ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои се бореа на теренот и стигнаа до првиот “фајнал фор“ на СЕХА лигата, и сите заедно ја испишаа новата ракометна историја на Битола.Сите 3.500 илјади долго ќе се сеќаваат и ќе раскажуваат за овој успех во четврт финалето од СЕХА лигата, а уште еднаш се потврди дека Битола живее за ракометот.А, оние, нови ракометари, десетина кои за прв пат играат во Битола се уверија дека она што се случува во Битола, и им го раскажувале, на ракомет, не е урбана легенда, туку стварност која може да само да се доживее, а е нестварност за останатите кои не биле во салата.Пласманот во Ф4 на СЕХА за битолчани отсега ќе биде мотив плус повторно да ја полнат салата, а оние кои не беа на ракомет, како велат битолчани, за следниот натпревар предвреме ќе набават влезници.Пласманот во СЕХА лигата и освојувањето на турнирот во Струга, е само најава на она што се чека во Битола, а тоа е титула, а ова е таа сезона, кога се е достижно, да се вратат титулите и пехарите во клубските простории, каде и им е местото.Погледнете низ фотогалерија како изледаше салата во Битола.