Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 во Битола ќе “брка“ негатива од три гола на реваншот против Алпла

Алпла – Еурофарм Пелистер 24:21 (12:10)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 на првото меѓународно деби е поразена од домаќинот екипата на Алпла Хард со 24:21 во рамките од првото квалификациско коло во Европската лига, иако на најголем дел од играат играа, но во финишот попушти концентрацијата, што го искористоја домаќините. 

Во првото полувреме екипата на Јовиќ со многу борбена игра парираа на домаќините, а иако екипата на Алпла Хард имаше водството на своја страна, не успеа презултатски да се одлепии на полувреме се замина со 12:10.Еурофарм Пелистер 2 и во второто полувреме продолжи со истата игра, е се играше гол за гол. Алпла Хард го искористи неискуството на младите “пелистерци“ и извојува победа од три гола разлика.

Најњфикасни кај Еурофарм Пелистер беа Петровиќ и Арсеновски со по пет гола, а по три постигнаа Димитровски и Ивановски.

Реваншот е во Битола следниот викенд, в сабота од 19:00 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »