Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: цисти на дојка

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборуваше за анафилактичен шок, за што вели:-Цистите на дојка се едни од најчестите наоди кај жени после 35 годишна возраст. Етиолошки се претпоставува да варијациите во естрогенот влијаат врз појавата на проширување на млечните канали и оформување на вреќички исполнети со течност, цисти зголемени пред менструација и намалени по димензии потоа. При ехо на дојки цистите се најчесто единечни поретко мултипли, aнехогени овални по форма со јасни маргини, уни или билатерални во поретки случи можи да има двојно лушпеста обвивка и формирање на абсцес како компликација кога е потребна хирушка дренажа и антибиотски третман, доколку се хипоехогени со хиперехогени точкеста внатрешност кај жени во лактација се работи за Галактокела.

Клинички се асимптоматски со тврдоеластична конзистенција при палпација, подвижни, поретко болни.            

Во некои студии е докажана позитивната улога на vit.B6 и витаминот Е во намалување и исчезнување на цистите на дојките. Доволно е следење двапати годишно, интервентно можи да се изврши тенкоиглена аспирација под ултразвук и во ретки случаи потреба од биопсија на материјал најчесто при појава на крв во содржината од цистата,промена на кожа над цистата.