Press "Enter" to skip to content

Во Битола 23 нови позитивни на ковид-19, оздравени 36, активни 156 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.084 тестови, а регистрирани се 240 нови случаи на КОВИД-19, Битола 23.

Регистрирани сe 446 оздравени пациенти од Битола 36.

До сега во Битола има 17.751 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 156 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, нема од Битола.

Направени се во Битола  тестови преку  ЦЈЗ Битола 29 и преку “Плодност“ 7.

Досега во земјата се направени вкупно 2.150.194 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.119, бројот на оздравени пациенти е 328.924, на починати е 9.481, а бројот на активни случаи изнесува 1.714.

More from ВестиMore posts in Вести »