Синоќа во салата на Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата на Владимир Илиевски “Исчезнување“ на која беа претставено шест големи насликани платна со женски портрети, која е во рамките на “Битфест“.
Изложбата ја отвори директорката на Центарот на култура во Битола, Лили Бошевска, која рече дека иако изложбата се вика “Исчезнување“ ова е појавување на младиот автор со неговите прекрасни дела, кои се надева дека ќе предизвика голем интерес кај битолчани.
-Планот не беше да се појавиш. Ниту да исчезнеш. Но што е планот наспроти случувањето. А и како би исчезнало, ако не се појавило. Па на бело платно, изгорено дрво… и многу вода. Кога се обиде да ја измиеш нечистотијата, почна да исчезнуваш. Но застана. Тогаш, ниту те имаше, ниту те немаше… Како облак кој ниту е вода ниту лед. Како задржан здив, ниту вдишан ниту издишан. Исчезнувајќи – се појави, вели авторот Владимир Илиевски.
Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2022 г. реализирал четиринаесет самостојни изложби во: Скопје, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица.

Несекојдневна ликовната изложба “Исчезнување“ на Владимир Илиевски во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Библиотеката подготвува нов зборник “Тајните од битолските сокаци “
- СВР Битола: приведени двајца “комити“, едниот за марихуана, другиот за агресивно однесување
More from КултураMore posts in Култура »
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“










