Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: расчистена дрска кражба, физички напад од родители, 25 санкции за брзо возење

Денеска (30.08.2022) во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола бил извршен службен разговор со 42 годишник од Битола. Тој се сомничи дека на 27.08.2022 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола од 81 годишник од Битола со употреба на сила одзел пари. По службениот разговот лицето го признало делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

На 29.08.2022 во СВР Битола, 35-годишна жена од Битола пријавила дека била физички нападната од нејзините родители од Битола. Се работи на расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2022) на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 25 возачи. Од нив 21 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 4 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »