Денес, вторник, 30 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, среда, 31 август, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Температурата во Битола до 27 степени.