Press "Enter" to skip to content

Во Битола потпишани протоколи за соработка помеѓу ИВЗ и генералната дирекција за вакуфи (фото)

Денес во Битола, на покана на битолскиот муфтија Х. Хамит Расими, претседателот на Исламската Верска Заедница Реисул Улема Х. Шаќир еф. Фетаи, придружуван од неговите двајца соработници, г. Низам Решид и г. Дритон Дикена го посети Муфтиството на ИВЗ Битола и се сретна со верниците. Во просториите на Муфтиството во Старата битолска чаршија беа потпишани два протоколи за соработка помеѓу ИВЗ и Генералната дирекција на вакуфи на Турција за реставрација и конзервација на ханот кој е дел од комплексот “Хаџи Махмуд Бег“ џамија и пет деловни простории, кои се составен дел од комплексот на џамијата Хаџи Махмуд-бег и реставрацијата и ревитализацијата на џамијата “Коџа Кади“ верски објект на исламската култура.Во рамките на посетата гостите и домаќините имаа можност да ги посетат и проследат дел од  работите што ги врши ова муфтиство во џамијата на „Хаџи Махмуд Бег“  што е совршено дело и е во тек, на муслиманските гробишта, како што е зградата на погребната служба, на џамијата “Коџа Кади“, која ќе биде реставрирана од Дирекцијата за донации на Турција, како и новиот културен центар и развојот на наставата по исламска вероисповед и други активности. Во еднодневната посета, Реисул Улема и неговите придружници беа задоволни и убедени дека битолското муфтиство на чело со муфтијата Х. Хамит еф. Расими, со голема посветеност работи во организацијата на верскиот живот, раководи со стратегии за развојот на ова муфтиство, во неговата инфраструктурна, финансиска и исламска верска безбедност. 

More from ВестиMore posts in Вести »