Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: трактор и мопед се судрија кај Граешница, каснување од куче, 42 возачи возече побрзо од дозволеното

Како известува СВР Битола на патот Битола – село Драгош се случина несекојдневна сообраќајна несреќа во која се судрија трактор и мопед, а во известувањето се вели: На 30.08.2022 во 18.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-с. Драгош,  битолско, кај крстосница за с.Граешница, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон“ без регистарски ознаки, управуван од 63 годишен жител од с.Граешница и мопед без регистарски ознаки, управуван од 21 годишник од село Лажец, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот А.Р. и неговата сопатничка на возраст од 20 години од с.Сопотско, ресенско, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 30.08.2022 во СВР Битола, М.В.(64) од Битола пријавила дека на ул.„Партизанска” во Битола била касната од куче скитник.

Во текот на вчерашниот ден (30.08.2022) на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 42 возачи. Од нив 31 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »