Денес во Битола, на покана на битолскиот муфтија Х. Хамит Расими, претседателот на Исламската Верска Заедница Реисул Улема Х. Шаќир еф. Фетаи, придружуван од неговите двајца соработници, г. Низам Решид и г. Дритон Дикена го посети Муфтиството на ИВЗ Битола и се сретна со верниците. Во просториите на Муфтиството во Старата битолска чаршија беа потпишани два протоколи за соработка помеѓу ИВЗ и Генералната дирекција на вакуфи на Турција за реставрација и конзервација на ханот кој е дел од комплексот “Хаџи Махмуд Бег“ џамија и пет деловни простории, кои се составен дел од комплексот на џамијата Хаџи Махмуд-бег и реставрацијата и ревитализацијата на џамијата “Коџа Кади“ верски објект на исламската култура.
Во рамките на посетата гостите и домаќините имаа можност да ги посетат и проследат дел од работите што ги врши ова муфтиство во џамијата на „Хаџи Махмуд Бег“ што е совршено дело и е во тек, на муслиманските гробишта, како што е зградата на погребната служба, на џамијата “Коџа Кади“, која ќе биде реставрирана од Дирекцијата за донации на Турција, како и новиот културен центар и развојот на наставата по исламска вероисповед и други активности.
Во еднодневната посета, Реисул Улема и неговите придружници беа задоволни и убедени дека битолското муфтиство на чело со муфтијата Х. Хамит еф. Расими, со голема посветеност работи во организацијата на верскиот живот, раководи со стратегии за развојот на ова муфтиство, во неговата инфраструктурна, финансиска и исламска верска безбедност.

Во Битола потпишани протоколи за соработка помеѓу ИВЗ и генералната дирекција за вакуфи (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
- Битолчанка измамила лице од Тетово да и даде лична карта и трансакциска сметка, а потоа му подигнала брз кредит
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025