Press "Enter" to skip to content

Влезниците за Еурофарм Пелистер 2 – Алпла Хард по цена од 150 денари и попуст за сезонски билет

Најмладиот тим во евро-куповите во обид да испише историја. Бодрете го Еурофарм Пелистер 2 против Алпла Хард за само 150 денари. ЕХФ Лига Европа (прво квалификационо коло) Еурофарм Пелистер 2 – Алпла Хард, спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола, во недела, 4 септември во 19 часот.

Со секој купен билет за неделниот натпревар, добивате попуст при купување на сезонскиот билет за сите натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Со приложување на билетот од неделниот натпревар сезонскиот билет ќе ве чини 4.350 денари.

Продажни места, “ДИМПО Тобако“, “Бродерс Тобако“ и “S-Travel“ во Битола.
More from ВестиMore posts in Вести »