Press "Enter" to skip to content

Македонско-словенечка свршувачка од соништата во Битола (фотогалерија)

Неоренесансниот академски сликар Ник Аникис Скушек од Севница, Словенија и неговата долгогодишна љубов Теодора-Теа Ристевска од Битола деновиве се верија.Ник, кого јавноста особено го запозна по неговиот успех со делото “Проклетството на Тритон“, за кое минатата година ја доби престижната награда “Art Renewal Center – Staff Award“ во Њујорк, ја запроси својата сакана во единствениот ресторан во Словенија со две “мишелин“ ѕвезди “Hiša Franko“.-Се случи најболшебниот и најемотивниот момент во нашите животи, рече Ник Аникис и додаде.-Клекнав пред божицата на моето срце, а таа клекна со мене и рече да на нашата вечна љубов.  Помеѓу смеа и плачење, се разбуди експлозија од љубов, блаженство, изненадување, исполнетост и радост.Инаку, Ник Аникис е Мајстор за класично сликарство кој дипломирал на Ликовната академија во Љубљана, а потоа студирал и подоцна предавал на познатата “Angel Academy“ во Фиренца и на “Класичната академија“ во Холандија. Тој и го подари нејзиниот портрет, тајно насликан од него.Втората епизода од македонско-словенечката свршувачка се случи синоќа во Битола, во галеријата и музејот на акаденскиот сликар Ранко Струмениковски, инаку дедо по мајка на свршеничката Теодора-Теа Ристевска.Во присуство на најблиското семејство и пријателите од младоста свршениците си приредија незаборавна вечер.Вечерта беше презентиран краток филм со сегменти од запросувањето, а беа откриени и две најнови сликарски дела на сликарот Ник Аникис.На свеченоста по повод веридбата во галеријата имаше богата музичка програма во пијано изведби на Ана Талевска, основач и член на дуото “Loud Breeze“, свршеникот Ник Аникис и неговата мајка Амина Механович, познат психотерапев во Словенија. Целата вечер беше музички покриена со прекрасниот избор на музика на македонски песни и светски хитови од Стефан Милевски попознат како DJ BerryQuat.  Свршеничката Теодора-Теа Ристевска која ја основа галеријата и музејот “Ранко Струмениковски“, магистрирала политички науки на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, и Европски студии на Универзитетот во Љубљана долги години е вработена како млад истражувач на Факултетот за општествени науки во Љубљана, каде што предава и ги завршува докторските студии на Катедрата за одбрана и безбедност. Романтичната приказна на Теа и Ник започнува во Националната галерија во Љубљана пред две години и се крунисува со свршувачка во Галеријата “Ранко Струмениковски” во Битола. Кога ќе се одржи венчавката, верениците засега не сакаат да откријат, но рекоа дека ќе има две, една во Словенија, а друга во Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »