Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: продавач му продал на малолетник алкохол во колонијална продавница и санкционирани 20 возачи

При спроведување на акциска контрола во Битола за санкционирање на точење на алкохолни пијалоци на деца на 02/03.09.2022 во времето од 22.00 – 02.00 часот, констатирано е дека од страна на вработено лице во колонијална продавница лоцирана на ул. „Климент Охридски“ во Битола послужен е малолетник со алкохолен пијалок. Од страна на полициски службеници од ОКП – Отсек за општ криминал при СВР Битола ќе биде поднесена соодветна пријава. Контролите интензивно продолжуваат и во нареден период.

Вчера (02.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 20 возачи. Од нив 15 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 5 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »