Press "Enter" to skip to content

Павле Петровиќ од Еурофарм Пелистер 2: во Австрија загубивме на наши грешки, сега ќе биде многу подобро

Утре во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ќе го играат реванш натпреварот од квалификационото коло од Европската лига, и како домаќини ја пречекуваат екипата на Алпла Хард од Австрија. 

Избраниците на Александар Јовиќ се пред историска шанса да го поминат првото квалификациско коло и да ја надополнат негативата од 3 гола, а на првата прес конференција во клибските простории зборуваше десниот бек Павле Петровиќ, кој со оптимизам рече:

-Првите впечатоци се силни, најмногу заради тоа што мене тоа ми беше прв европски натпревар, а секако и на најголем број на ракометари од тимот. Мислам дека можевме многу подобро и загубивме на нашите грешки. Ако секој го даде својот максимум и со помош на публиката можеме да ги победиме. Добро се држевме во одбраната во Австрија, но многу грешевме во нападот и затоа загубивме. Можеме да им парираме и многу подобро ќе биде на реваншот во Битола.

Младите момци во тимот на Еурофарм Пелистер 2 првпат се соочуваат со европски натпревар и емоцијата пред овој дуел е евидентна, а се очекуваа и помош од битолската. 

More from ВестиMore posts in Вести »